ИМА ЛИ РУСИЈА СПЕЦИЈАЛНА ЕДИНИЦА ЗА ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА НА ЕВРОПА? Нивните акции предизвикаа страв и несигурност на Стариот континент

Поранешната американска амбасадорка во Загреб во 2016 година, на вечера организирана за новинарите рекла: „Следите ги настатите поврзани со обидот за пуч во Црна Гора“.

Станува збор за настанот од пред три години, кога на денот на парламентарните избори во Црна Гора, сили поврзани со руската и во дел со српската тајна служба, се обиделе да направат пуч, објави хрватски „Јутарњи.хр“.

– Црна Гора тогаш беше во завршна фаза на преговорите за влез во НАТО, што значеше конечно прекинување на стратешките односи со Русија и затворање на пристапот за нив на топлиот Медитеран – наведува хрватскиот медиум.

Бугарскиот трговец со оружје Емилијан Гебрев, кој тргуваше со Украина, отруен е со непозната супстнца, но преживеа. Како и Сергеј Скрипаљ, поранешниот руски шпион кој живееше во Велика Британија. Тој беше изложен на отровот новичок, познат како „советскиот отров“, но и неговата ќерка Јулија исто така преживеаја.

Прочитајте и...  Продолжува потрагата по малолетникот кој исчезна во водите на Преспанско езеро

Иако недвосмислено сите три случаи се дело на руските тајни служби, според пишувањата на „Јутарњи“, разузнавачките служби од западот неодамна успеале да ги поврзат сите точки, а веројатно добиле и одредени информации од своите контакти од Русија. Тие заклучиле дека станува збор за акциите на руската единица од составот на ГРУ, руската воена тајна служба, објави „Њујорк тајмс“.

Единицата има шифрирано име „29155“ и делува најмалку десет години наназад. Западните служби сметаат дека за неа не знаат ниту многу високи функционери на руската тајна служба. „29155“ во голема мера ја сочинуваат ветерани на советските и руските војни, од Авганистан, преку Чеченија до Украина.

Се верува дека командант на единицата е генералот Андреј Аверјанов кој е одликуван со медалот „Херој на Русија“. Според пишувањата на медиумите, единицата има посебна задача – да ја дестабилизира Европа, и тоа преку сите врсти на хибридно војување, вклучувајќи и ликвидации.

Прочитајте и...  Уште тројца млади на возраст од 19 и 22 години заболени од Ковид-19 во Кавадарци

Медиумите споменатите три случаи ги опишуваат како доказ за неспособноста на руските шпиони, но по длабинските анализи на западните тајни служби, се дошло до пореален заклучок – станува збор за акции чија цел е намерно да бидат откриени и да предизвикаат страв и несигурност, стои меѓу другото во текстот објавен на „Јутарњи“.

Прочитај повеќе

Мурали на новиот скејт парк во Крива Паланка

Слободен печат

Ердоган ја затвори славината и демонстрира моќ: Во време на големи горештини на милиони луѓе им се заканува жед и глад

Слободен печат

Падот на БДП на Србија е типичен за сиромашните земји

Слободен печат

Поранешниот шпански крал ја напушта земјата поради финансиски скандал: Ќе живеам во друга земја

Слободен печат

Постојат пет варијанти: Откриено како ЕУ планира да ги набави милијардите кои им ги вети на членките како помош против епидемијата

Слободен печат

Внуката на Трамп во книга разоткрива што тој има против Меркел: Тоа го излудува

Слободен печат

1 comment

Милорад 10/10/2019 - 14:06 at 14:06

Господ да чува и да брани. Русите испраќале шпиуни да ги дестабилизираат балканските држави… Па овие балкански држави се дестабилизира и од многу одамна, веднаш по пропаѓањето на Југославија, еве до ден денес не можат да тргнат напред. Сета оваа дестабилизација, лекоумствени политички гарнитури кои владееја до сега се дестабилизира и или полсриџирани од други тајни служби на кои им одговара,, раздели па владај,, така што во секоја Република тие создадоа расцеп меѓу луѓето кои се мразат крвн едни со други. Сета оваа крвна омраза е потикнувана токму од оние западни служби. Балканот стана мека за сите разузнавачки служби. Демек русите ни ги прикажуваат како негативци, узурпатори, а западните моќници како позитивни. Би рекол,, позитивни,, окупатори без кои ниту еден политичар не смее без нив да донесе одлука. Ни ја натоварија сиромаштијата на вратот, па русите ги претставуваат како дестабилизатори што сигурно не е точно. Луѓето се свесни дека западот манипулира со нас, знаат дека словенските народи (не политичарите) секогаш обичните луѓе ќе се почитуваат меѓу себе и станаа свесни за пропагандата против русите. Тие секогаш биле почитувани и доживува и како братски словенски народ. Е ова не можат да го сватат западните шпиони.

Reply

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Страшно невреме во Хрватска: Паѓаше град со големина на орев, ветерот корнеше покриви (ВИДЕО)

Слободен печат

Прекината привремено потрагата по детето кое исчезна во водите на Преспанско Езеро, продолжува утре

МИА Агенција

Германците важат за разумни, но зошто тогаш масовно протестираа против маските и мерките? (ВИДЕО)

Слободен печат

Во Џенова две години по трагедијата во која загинаа 43 лица отворен нов мост (ВИДЕО)

Слободен печат

И шефот на кабинетот на Болсонаро позитивен на Ковид-19

Слободен печат

Во БиХ се удави синот на осуден терорист, стрикото во обид да го спаси – настрадал

Слободен печат