Илон Маск се проценува дека за три години ќе биде првиот трилионер во светот

Илон Маск / Фото EPA-EFE/Lukasz Gagulski

„Г-дин Тесла“ Илон Маск треба да стане првиот трилионер во светот до 2027 година, се вели во новиот извештај на организација фокусирана на концентрација на богатство.

Извештајот на Informa Connect Academy за шефот на компанијата за електрични автомобили Тесла, приватната ракетна компанија SpaceX и платформата за социјално вмрежување X (поранешен Твитер) доаѓа до овој заклучок со оглед на тоа што средствата на Маск растат со годишна стапка од 110%.

Забележано е дека американскиот бизнисмен, со јужноафриканско потекло, оваа година ја доби титулата најбогат човек на светот. Неговото богатство се проценува на 237 милијарди долари, според индексот на милијардери на Блумберг.

Извештајот на академијата за 2024 година за клубот на милијардерите беше објавен минатиот петок.

Анализата на Академијата покажува и дека основачот на бизнис групацијата Гаутам Адани од Индија би ја зазел втората позиција на листата на милијардери. Ова би можело да се направи во 2028 година доколку годишната стапка на раст на неговото богатство остане на 123%.

Во меѓувреме, Јенсен Хуанг, извршен директор на технолошката компанија Nvidia и Pragioto Pangestu, индонезискиот енергетски и рударски тајкун, исто така би можеле да станат трилионери во 2028 година, доколку нивниот имот остане на истото ниво.

Во исто време, богатиот француски бизнисмен Бернар Арно, шеф на LVMH Moët Hennessy Louis Vuitton и третиот најбогат човек во светот, со околу 200 милијарди долари, е на пат да достигне 1 трилион долари до 2030 година. Истата година ќе има толкаво богаство и Марк Цукерберг, извршен директор на Мета.

Сепак, како што истакнува CNBC, прашањето за тоа кој би можел да биде првиот трилионер на планетата Земја е нашироко дискутирано откако се појави првиот милијардер во светот во 1916 година. Тоа беше Џон Рокфелер од САД, основачот и тогаш најголемиот акционер на Standard Oil.

Сепак, многу академици предупредуваат дека акумулацијата на огромно богатство е болен општествен феномен.

Во извештајот се проценува дека најбогатите луѓе на Земјата – кои претставуваат 1% од човештвото – се одговорни за најмногу емисии на јаглерод – главен двигател на тековната климатска криза во споредба со најсиромашните кои сочинуваат 66%.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот