Photo: EPA

Илон Маск збесна: ЕУ треба да се укине

Вчера Европската комисија изрече казна од 120 милиони евра на платформата X за кршење на обврските за транспарентност според Законот за дигитални услуги (DSA).

Американскиот милијардер Илон Маск повика на укинување на Европската Унија откако Европската комисија ја казни неговата социјална мрежа „Икс“, порешна „Твитер“.

„ЕУ треба да се укине, а суверенитетот да им се врати на поединечните земји, за да можат владите подобро да ги претставуваат своите народи“, рече Маск.

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев брзо одговори и коментираше на објавата на Маск:

„Токму така“.

Кирил Дмитриев, кој неодамна учествуваше во преговорите за завршување на војната во Украина, главно за економски прашања и укинување на санкциите што САД ги воведоа врз Русија по почетокот на инвазијата, исто така одговори.

Вчера Европската комисија изрече казна од 120 милиони евра на платформата X за кршење на обврските за транспарентност според Законот за дигитални услуги (DSA).

Ова не е првиот јавен судир меѓу Маск и Европската Унија. Милијардерот претходно го критикуваше процесот на избор на претседател на Европската комисија, нарекувајќи го недемократски.

Одлуката за изрекување казна беше остро критикувана и од високи американски функционери, кои ги споредија постапките на Европската комисија со цензура.

Платформата „Икс“ на Илон Маск е казнета со 120 милиони евра поради кршење на дигиталните закони на ЕУ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот