Илиев за УБ: Арнериќ беше голема глумица и професионалец кој што сака да работи

Илиев раскажа и за нивниот однос за време на снимањето на филмот „Исправи се Делфина“. 

Со Неда Арнериќ се сретнав пред три месеци. Таа беше во Битола. Заврши претставата во која играше, и го подадов цвеќето на Неда. Не ме препозна на почетокот, но кога ја потсетив се изненади премногу, изјави актерот Диме Илиев за Утрински брифинг.

Илиев раскажа и за нивниот однос за време на снимањето на филмот „Исправи се Делфина“.

– Кога го снимавме „Исправи се Делфина““ таа веќе беше голема југословенска ѕвезда. Професионалец кој што сака да работи. Сакаше да го учи текстот и македонскиот јазик. Тоа беше страшна екипа. Морам да кажам дека е прекрасно да се работи сега – додава Илиев.

– Неспоредливо е како се прави се ова со новата техника. На времето за се требаше да одиме во Белград –  изјави Илиев за утрински брифинг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот