Илиев: Преседан е одлуката на Управниот суд за гласачките ливчиња

Локални избори во Северна Македонија / 17 октомври 2021 / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Поранешниот претседател на Врховниот суд и некогашен член на ДИК Дане Илиев одлуката на Управниот суд да бидат прогласени за важечки и гласачките ливичиња без печат ја коментира како преседан досега и во неа гледа недоволно познавање на материјата за избирачкиот процес кај судиите.

-Ова ниту било досега ниту е законски издржано. Во мојата досегашна пракса не сум се сретнал со ваква одлука со која им се дава легитимитет на гласачките ливчиња без печат кога во Изборниот законик во член 109 став 2 е конкретно пропишана постапката за гласање, вели Илиев за „Слободен печат“.

Оваа реакција од компетентната судска јавност доаѓа по денешната одлука на ДИК да ја поништи вчера донесената одлука за измена на Упатството за важечки и неважечки гласачки ливчиња, откако, како што нагласија во ДИК биле доведени во заблуда од одлуката на Управниот суд со која беше поништено гласањето на едно избирачко место во Шуто Оризари.

Имено,  Управниот суд донесе одлука со која ливчиња без печат ги прогласи за важечки со образложение дека јасно била изразена волјата на гласачите и не можат да бидат сметани за неважечки само поради отсуство на печат.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот