ДИК ја поништи вчерашната одлука – Важечки се само гласачките ливчиња со печат, одговорноста за забуната е на Управниот суд

ДИК/ Фото Архива на Слободен Печат

Државната изборна комисија на денешната 35. седница ја поништи вчера донесената одлука за измена на Упатството за важечки и неважечки гласачки ливчиња.

Имено вчера, Комисијата дополнително извести и ги задолжи избирачките одбори задолжително да постапуваат според членот 109 став (2) и да ставаат печат на секое гласачко ливче, но доколку има ливчиња без ставен печат, за таквите да постапат согласно член 115, а во врска со член 110 од Изборниот законик и таквите ливчиња да бидат важечки доколку вољата на гласачот е јасно изразена.

Денешното поништување ќе значи дека останува на сила претходното упатство според кое задолжително мора да стои печат на гласачкото ливче, а оние гласачки ливчиња кои нема да бидат со печат ќе бидат прогласени за неважечки, рече претседателот на ДИК Александар Даштевски.

Според одлуката на Управниот суд, важечки се и ливчињата без печат со намера да се почитува волјата на избирачите кои излегле на гласање, но поради пропуст на членовите на Избирачките одбори останале без задолжителниот печат на ливчето.

Кондарко пак нагласи дека ДИК била доведена во заблуда за да го смени упатството откако Управниот суд донесе одлука да бидат прогласени за важечки и гласачките ливчиња без печат.

-Судот е тој кој во својата пресуда прогласи ливчиња без печат за важечки ливчиња, а не ДИК. Напротив, ДИК и денес и вчера повика, укажа и побара од Избирачките одбори задолжително да ставаат печати на гласачките ливчиња. Понатаму, во врска со оваа пракса што ја создаде судот, одговорноста за постапувањето ќе ја има судот кој ја донесе ваквата пресуда со ваквниот негов став. Законот е јасен, нашиот став е јасен и жалам што се доведовме во ситуација поради ваквата пресуда на Управниот суд која пак доведе и до прегласување на едно избирачко место во Шуто Оризари. Одговорноста, не ја сноси ДИК, ова директно произлезе од одлуката на Управниот суд кој ливчиња без печат ги прогласи за важечки и поради тоа се поништи  гласање. Ова се фактите, нагласи членот на ДИК Борис Кондарко.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот