„Игуаните смрзнати ќе паѓаат од дрвата“: Колку е ладно на Флорида?
Околу 70 милиони Американци беа погодени од историска снежна бура во североисточниот дел на САД, каде силните ледени ветрови го запреа сообраќајот и усмртија возач на автомобил во северниот дел на Њујорк.
Препорачано
Пет американски држави прогласија вонредна состојба, а во САД досега се откажани речиси 6.000 летови. Ова е втора снежна бура оваа година во североисточниот дел на САД, по онаа во почетокот на јануари кога беше зафатена областа од Џорџија до Квебек. Десетици илјади луѓе останаа без струја.
Но, каква е ситуацијата во јужниот дел на САД?
ФОТО+ВИДЕО | „Историска“ снежна бура: Парализиран североисточниот дел од САД
„Игуаните паѓаат од дрвјата“
Иако температурите во Јужна Флорида достигнаа 15 степени Целзиусови во саботата, прогнозите велат дека таа денеска би можела да биде и до 2 степени и дека, во таа смисла, областа може да биде погодена од привремена временска катастрофа.
„Во поголемиот дел од земјата се предвидуваат студени врнежи. Игуаните влегуваат во хибернација на толку ниски температури и можат да паднат од дрвјата“, напиша Центарот за временска прогноза на Твитер.
It may be in the 50s, 60s, & 70s today, but winter comes for FL/South GA this weekend. A variety of wind chill advisories/watches and freeze watches are out for this area. Some of our iguana friends down there go dormant in such conditions and could take a tumble. pic.twitter.com/dn2XzXl4zO
— NWS Weather Prediction Center (@NWSWPC) January 28, 2022
Но, важно е да се напомене дека ова е привремена ситуација и дека влекачите се будат и „оживуваат“ кога ќе се вратат топлите температури, пишува Си-Ен-Ен.
Метеоролозите предупредуваат дека воздухот на Арктикот може да донесе најниски температури во последните десет години во Мајами. Надлежните предупредуваат на доаѓањето на студеното време, а организациите за заштита на бездомниците наведуваат дека викендов не е безбедно да се спие во автомобили или на улица.


