ФОТО+ВИДЕО | „Историска“ снежна бура: Парализиран североисточниот дел од САД

Снежна бура САД Њујорк
Во Њујорк има дваесетина сантиметри снег, а низ улиците дува невообичаено силен ветер / Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Околу 70 милиони Американци беа погодени од „историска“ снежна бура во североисточниот дел на САД денеска каде силниот ветер го запре сообраќајот и уби возач на автомобил во северниот дел на Њујорк.

Во Њујорк има дваесетина сантиметри снег, а низ улиците дува невообичаено силен ветер.

Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс ги повика сограѓаните да останат дома.

Во сојузните држави Њујорк и Њу Џерси е прогласена вонредна состојба, а гувернерката на Њујорк Кети Хочул ги повика жителите да не излегуваат без потреба, да ги полнат резервоарите на автомобилите со гориво и да обезбедат залихи со вода и ќебиња.

На северот на метрополата Њујорк, на Лонг Ајленд, веќе има 25 сантиметри снег. Регионалните железнички линии беа делумно отсечени, а една жена беше пронајдена мртва во нејзиниот автомобил, објавија локалните медиуми.

Националната метеоролошка служба најави удари на ветер од 80 до 120 км/ч и предупреди на „речиси невозможни сообраќајни услови” во североисточниот дел на САД.

Тиe, исто така, предвидуваат поларни температури од денеска навечер до недела.

Околу 3500 летови за пристигнување и полетување беа откажани денеска и 700 за недела.

Тоа е втора снежна бура годинава на североисточниот дел на САД, по онаа на почетокот на јануари кога беше зафатена областа од Џорџија, па сѐ до Квебек.

Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE
Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE
Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE
Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот