Играј­те си со бои и фор­ми за ви­зу­ел­но зго­ле­му­ва­ње на прос­то­рот

Ма­ли­те ста­но­ви во кои има ма­ли днев­ни соби, прет­ста­ву­ва­ат пре­диз­вик, и не­исцрп­на мож­ност за уре­ду­ва­ње и раз­ви­ва­ње на кре­а­тив­нос­та на нив­ни­те соп­стве­ници. Из­бо­рот на ва­ков дом на­мес­то да ви прет­ста­ву­ва при­чи­на за стрес, по­ра­ди тоа што сме­та­те де­ка на тој на­чин не­ма да има­те до­вол­но прос­тор за да ги со­бе­ре­те си­те ра­боти, сле­де­те ги овие со­ве­ти и ис­ти­от ќе го де­ко­ри­ра­те на на­чин на кој не сте ни по­мис­ли­ле де­ка е можно.

Имено, ма­ли­те днев­ни соби, ба­ра­ат мно­гу по­го­ле­ма кре­а­тив­ност во уре­ду­ва­њето, от­кол­ку што е пот­реб­на за уре­ду­ва­ње на по­го­ле­ми днев­ни соби. Об­рне­те вни­ма­ни­е  на де­та­лите. Тие се мно­гу ва­жен дел од уре­ду­ва­ње­то на прос­то­рот.

Имај­ќи го во пред­вид фак­тот што ток­му во таа прос­то­ри­ја че­ка­те гос­ти но и по­ми­ну­ва­те по­го­лем дел од де­нот, нап­ра­ве­те ја оваа прос­то­ри­ја уре­де­на по ваш вкус но ис­то та­ка и удобна.

Днев­на­та со­ба во мно­гу слу­чаи е ср­це­то на до­мот. Во неа се од­ви­ва­ат си­те друш­тве­ни ак­тив­ности, се со­би­ра­ат при­ја­тели, це­ло­то се­меј­ство, во неа се спо­де­лу­ва­ат го­лем број од за­ед­нич­ки­те уба­ви мо­менти.

Токму, за­тоа, оби­де­те се да из­вле­че­те мак­си­мум од  прос­то­рот во ва­ша­та ма­ла днев­на соба.
При­фа­те­те го пре­диз­ви­кот и план­ски ор­га­ни­зи­рај­те го и умес­но рас­по­ре­ду­вај­те го ме­бе­лот ка­ко и де­ко­ра­тив­ни­те еле­менти, при­тоа об­рну­вај­ќи осо­бе­но вни­ма­ние на из­бо­рот на бо­јата.

Ка­ко и да е, имај­те го во пред­вид фак­тот што, при уре­ду­ва­ње­то на ма­ли­те днев­ни соби,  без сом­не­ние ва­жат ис­ти­те пра­ви­ла ка­ко и за уре­ду­ва­ње­то на це­ли­от ен­те­ри­ер на ма­ли­те до­мови. По­го­ле­ми­те днев­ни со­би со сво­ја­та прос­тра­ност ну­дат по­ве­ќе мож­нос­ти за де­ко­ра­ци­ја и уре­ду­вање, но оние по­ма­ли днев­ни со­би се­ко­гаш се мал­ку по­пре­диз­ви­ку­вач­ки за уре­ду­ва­ње и ба­ра­ат доб­ро пла­ни­ра­ње на де­ко­рот, скла­диш­ни­от прос­тор и не­оп­ход­ни­от ме­бел.

За ко­ја ва­ри­јан­та на боја, ме­бел или пак ма­са и да се од­лу­чите, об­рне­те вни­ма­ние дека, во се­ко­ја днев­на соба, без раз­ли­ка на неј­зи­на­та квад­ра­тура, би тре­ба­ло да има, клуб маса, кре­вет, мес­то ка­де што ќе го по­с­тави­те те­ле­ви­зо­рот ка­ко и не­кои ин­те­рес­ни по­лици.

Се­пак, за да го про­ши­ри­те ви­зу­ел­но ва­ши­от прос­тор, при из­бо­рот на бо­ја за ѕи­до­вите, од­бе­ре­те по­свет­ли бои. Сло­бод­но мо­же­те да ги исфар­ба­те ѕи­до­ви­те бели, што ду­ри и е препо­рач­ли­во за мал прос­тор, но до­кол­ку оваа иде­ја не ви се до­паѓа, то­гаш од­лу­ка­та не­ка пад­не да свет­ло жол­та­та или кре­мас­та­та боја.

На тој на­чин ва­ша­та ма­ла днев­на со­ба би из­гле­да­ла светла, попрос­тра­на и по­го­лема.

Око­лу из­бо­рот на бо­ја­та на ме­бе­лот пак, опуш­те­те се при од­лу­чу­ва­ње­то ка­ко ќе из­гле­да ис­тиот. Ек­спе­ри­мен­ти­рајте. При из­бо­рот на бо­ја­та на ме­бе­лот за ма­ли­те днев­ни соби, ду­ри е и препо­рач­ли­во да се ку­пи ме­бел со ин­тен­зив­ни бои. Ин­тен­зив­ни­те бои на ме­бе­лот ќе до­ми­ни­ра­ат во прос­то­рот, а вак­ва­та ком­би­на­ци­ја со свет­ли ѕи­до­ви би из­гле­да­ла сов­ршено.

Ко­га се од­лу­чу­ва­те за тоа как­ва клуб ма­сич­ка би из­бра­ле за да ја по­с­тави­те во цен­трал­ни­от дел на ва­ша­та днев­на соба, препо­рач­ли­во е из­бо­рот да пад­не на ма­сич­ки нап­ра­ве­ни од стакло. До­кол­ку има­те до­вол­но прос­тор, ста­ве­те око­лу неа и про­ѕир­ни стол­чи­ња за сли­ка­та да из­гле­да це­лосна. Си­те што ќе го по­се­тат ва­ши­от дом, ќе би­дат во­о­ду­ше­ве­ни од глет­ката.

Мно­гу важ­но при из­бо­рот на клуб ма­сич­ка пок­рај ма­те­ри­ја­лот од кој што е нап­ра­ве­на ис­та­та е и да се об­рне вни­ма­ние и на фор­мата. Препо­рач­ли­во при уре­ду­ва­ње на ма­ли прос­то­ри е на­мес­то ед­на по­го­лема, да се ста­ват не­кол­ку по­мали, со кои мо­же да си иг­ра­те и да ги уре­ди­те и пре­у­ре­ду­ва­те во се­кое вре­ме и коа ќе го от­во­рат и нап­ра­ват прос­то­рот во днев­на­та по­за­ба­вен.

За це­лос­но сли­ка на стил­ски уре­де­на ма­ла днев­на соба, пот­ре­бен ви е и ин­те­ре­сен ки­лим. Не­за­вис­но да­ли ис­ти­от ќе би­де во не­ут­рал­ни или пак во сил­ни то­нови, ки­ли­мот ќе го де­фи­ни­ра прос­то­рот и ќе ѝ да­де по­се­бен ка­рак­тер на днев­на­та соба, ис­так­ну­вај­ќи ја ка­ко по­се­бен прос­тор.

Ис­то мно­гу ва­жен де­тал око­лу уре­ду­ва­ње­то на ма­ли­те днев­ни со­би е во це­лост да го ис­ко­рис­ти­те прос­то­рот. За­тоа оби­де­те се да ги ис­ко­рис­те­те ду­ри и ќо­ше­вите.

На тоа место, мо­же­те да по­с­тави­те по­лици, ламба, па ду­ри и рас­те­нија. Вак­ви­от по­тег ќе вне­се све­жи­на во прос­то­рот а со­ба­та ќе ја нап­ра­ви повпе­чат­ли­ва и по­ин­те­ресна.

Ин­те­рес­но е да се на­по­ме­не дека, нај­го­ле­ма­та пред­ност што ќе ја до­би­е­те до­кол­ку жи­ве­е­те во мал стан кој има ма­ла днев­на со­ба е тоа што не­ма да ви би­де пот­ре­бен мно­гу ме­бел и ук­рас­ни де­та­ли за да из­гле­да пот­полно, што зна­чи и по­го­ле­ма заш­те­да на сред­ства. Огра­ни­чу­ва­ње­то во квад­ра­ту­ра­та нѝ овоз­мо­жу­ва да вло­жи­ме мал­ку по­ве­ќе енер­ги­ја во уре­ду­ва­њето, би­рај­ќи ква­ли­тет­ни пар­чи­ња кои ќе го по­дигнат прос­то­рот на ед­но по­ви­со­ко ниво.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот