Фото: Игор Стефановски Иџе

Игор Стефановски Иџе викендов ќе биде дел од спектаклот во Котор

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе, овој викенд ќе биде дел од престижната меѓународна ридско-брзинска трка во Котор, една од најатрактивните и најпосетени трки во регионот.

Во паузата од настапите во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (EHC), Стефановски ја прифати поканата на организаторите и ќе се натпреварува рамо до рамо со повеќе од 130 врвни возачи.

Трката, која ја организираат Автомобилскиот и картинг сојуз на Црна Гора и АМСК Котор, претставува важен настан што се бодува за шампионатот на Црна Гора, првенството на Хрватска, како и за Адриатик и Котор куповите.

– Ми претставува особена чест и задоволство што повторно ќе бидам дел од оваа трка, која со години важи за една од најквалитетните во регионот. За мене, Котор има и лично значење, тука растев и се развивав како автомобилист. Ова е можност повторно да застанам пред балканската публика и моите пријатели. Особено ме радува што публиката во Котор за првпат ќе има можност да го види моето црвено Ферари, на ваков настан. Очекувам одличен викенд и вистински тркачки спектакл – изјави Стефановски.

Тимот на Видеолотарија Касинос Австрија и овој пат силно верува во него. Ние сме горди што повеќе од една деценија заедно навиваме за Иџе и Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот