Игор Ангеловски поднесе оставка на местото тренер на Етникос Ахна
Поранешниот македонски селектор Игор Ангеловски поднесе оставка на местото тренер на кипарскиот фудбалски прволигашки клуб, Етникос Ахна.
Препорачано
Ако се исклучи победата во националниот Куп на почетокот на декември, Етникос Ахна влезе во серија порази во тамошниот шампионат.
Во саботата играчите на Ангеловски загубија на гости кај Хлорака со 3:1, што беше шести пораз во низа за моментно 10 место на табелата со 14 бодови.
– Денес остварив состанок на мое барање со претседателот на Етникос Ахна, Кикис Филипу и ја поднесов мојата оставка на позиција главен тренер, а заедно со мене заминува и мојот асистент Милан Илиевски. Победите и поразите се составен дел од фудбалската игра но оставката е чин на морална одговорност. Му благодарам на претседателот за укажаната доверба, на сите вработени, навивачи и фудбалери за соработката. Им посакувам понатамошни успеси во иднина на личен и професионален план – стои во објавата на Ангеловски на Фејсбук.
Во својата тренерска кариера Ангеловски претходно ги водеше и Работнички, ХНК Горица од Хрватска и Каспиј од Казахстан.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
54мин
-
1час
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


