фото: Земјотрес, магнитуда

Инструкции за земјотрес: Не користете лифт и застанете под носечки ѕид

Откако земјата ја стресе земјотрес со интензитет од 4,6 степени со епицентар на косовската страна на Шар Планина, а потоа серија послаби потреси беа регистрирани и во поширокиот регион, Институтот за демократија „Социетас цивилис“ Скопје (ИДСЦС) објави основни инструкции за заштита од земјотрес, правени во соработка со експерти.

„Не користете лифт за време и по земјотрес. Застанете под носечки ѕид додека тресењето не престане“, посочуваат оттаму.

Во инструкциите, визуелно прикажани, стои дека треба да се идентификуваат носечките внатрешни ѕидови и греди, а притоа да се обезбеди и мебелот во случај на земјотрес.

Извор: ИДСЦС

„За време на земјотрес, останете подалеку од надворешните ѕидови, прозорците, вратите и плакарите, изворите на толина. Спуштете се на подот да одржите стабилност на телото. Отползете до најблиската цврта маса и сокријте се под неа. Не паничете доколку прекине доводот на струја, вода и телекомуникации. Не користете лифт за време на ударот, ниту по завршување на земјотресот“, стои меѓу инструкциите.

Воедно, нагласено е дека по земјотресот, вообичаено е да следат помали потреси. Доколку има оштетувања во објектот, искуствата велат дека не е паметно да се вратите во домот, без да ви биде дозволено.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот