ИДФ: Во израелски напад убиен командантот на иранските сили Басиџ
Голамреза Солејмани, командант на иранските паравоени сили Басиџ, наводно е убиен во израелска операција, според израелски тврдења, без официјална потврда од Техеран досега, пренесува Тајмс оф Израел.
Препорачано
Солејмани, роден во 1964 година, се приклучил на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) на млада возраст и постепено се искачувал низ редовите на организацијата.
За време на војната меѓу Иран и Ирак, тој служел како командант на баталјон, а подоцна ја презел командата на разни единици на Гардата.
Од 2019 година, тој е задолжен за Басиџ, паравоена доброволна милиција поврзана со ИРГЦ и брои околу 450.000 членови, што го прави централна фигура во апаратот за внатрешна безбедност на Иран.
בתקיפה מדויקת בטהרן: צה״ל חיסל את מפקד יחידת הבסיג׳
חיל האוויר בהכוונה מודיעינית מדויקת של אמ״ן, תקף אתמול באופן ממוקד בלב טהרן וחיסל את ע׳לאם רצ׳א סלימאני, מפקד יחידת הבסיג׳ לאורך שש השנים האחרונות.
כוחות הבסיג׳ מהווים חלק מהכוחות החמושים של משטר הטרור האיראני.
במסגרת המחאות… pic.twitter.com/qopLhFkXLF— צבא ההגנה לישראל (@idfonline) March 17, 2026
Сметан за цврст поддржувач на иранската влада, Солејмани е цел на санкции од многу западни земји и организации, вклучувајќи ги САД, Европската унија, Обединетото Кралство и Канада.
Според соопштението на израелските вооружени сили на Икс, операцијата е спроведена вчера со „прецизни упатства“ од военото разузнавање, насочени кон Голамреза Солејмани.
Се забележува дека, во контекст на внатрешните протести во Иран и особено во последно време, специфичните сили под команда на Солејмани „воделе централни операции за репресија“, користејќи насилство, масовни апсења и притисок врз граѓаните што учествувале во демонстрациите.
Израел тврди дека неговото убиство се додава на „десетиците високи команданти“ на иранските вооружени сили кои се убиени за време на операцијата, зборувајќи за „значаен удар“ врз механизмите за команда и контрола на режимот.
Израелскиот Генералштаб индиректно го потврди нападот врз Али Лариџани


