Ибраими: ДУИ, АА и БЕСА се нефункционални со гласачите

Селим Ибраими, аналитичар/ Фото: Скриншот

Лидерот на Алијансата за Албанците (АА) Зијадин Села објави дека на следните парламентарни избори, кога и да се одржат, партиите на Албанците во опозиција треба да се натпреваруваат одделно. Според оваа стратегија, албанската опозиција очекува конечно да ја урне ДУИ на Али Ахмети од 20-годишното владеење во албанскиот електорат.

– Најдоброто нешто, за да има поголем успех, е секој политички субјект да работи со своја структура, да се промовира конкуренција во албанската опозиција за првиот ден по изборите оваа албанска опозиција да се здружи, бидејќи цениме дека во таа форма ќе имаме ние повеќе пратеници, а и другата албанска опозиција и заедно ќе имаме повеќе пратеници од таа партија која конечно мора да ја однесеме во опозицијата и да ја ставиме пред одговорност. Ова е мојата гледна точка како човек меѓу луѓето кои можат да одлучуваат, но AА има и други структури. За ова прашање одлучува Централното собрание“, изјави Села по реизборот за лидер на партијата.

Селим Ибраими од Институтот за безбедносни студии (ИССД-Македонија) вели дека АА и Движењето БЕСА го немаат луксузот да се натпреваруваат одделно на избори.

– Сите албански опозициски партии имаат лошо искуство меѓу себе. И опозициските идеи на почетокот изгледаат добро, а потоа излегува дека опозициските партии имаат различни интереси или врски со владините партии. Реално, ниту АА ниту БЕСА немаат луксуз да се натпреваруваат одделно. Како опција е во ред, но тешко дека истото ќе се манифестира кај електоратот на двете партии. Во целина и ДУИ и опозицијата се нефункционални со гласачите. Засега Албанците од Северна Македонија се во политичка агонија, изјави Ибраими за „Слободен печат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот