Ибрахими: Ставот за Асоцијација на албански општини е мој личен, не на партијата

Зеќирија Ибрахими, Алтернатива / фото: ТВ21/принтскрин

Генералниот секретар на Алтернатива Зеќирија Ибрахими, за ТВ21 кажа дека ставот за Асоцијација на албанските општини е негов личен, и дека не е на органите на партијата.

„За поддршката на Претседателот на партијата за ова прашање ќе треба да го прашате него лично. Ставот за Асоцијација на Албански Општини е мој личен, не на органите на партијата. Меѓутоа, јас сум генерален секретар на Алтернатива и не сум само поединец во партија. Но, за да бидеме прецизни, немало некој состанок во партија за овој став, кој е само мој политички став, потикнат од моите политички и интелектуални yбедувања.“, рече Ибрахими.

Неприфатлив, несериозен, неевропски и неамерикански, е коментарот на премиерот Димитар Ковачевски за предлогот на Алтернатива во Македонија да се формира зедница на албански општини

Од СДСМ го оценија исто како несериозен, а од ДУИ за антиевропски предлогот на Ибрахими од Алтернатива за Заедница на албански општини.

И од Алијанса за Албанците исто така го оценија предлогот на Алтернатива како несериозен посочувајчи дека Албанцитте во Македонија се 1/3 од вкупното население, а не малцинство.

Демократски сојуз: Ги осудуваме изјавите на албанските партии за дестабилизација на Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот