И Сорос шутна во кабинетот на Груби

Фото Фејсбук Артан Груби

Вицепремиерот Артан Груби на својот „Фејсбук“ профил се пофали дека и американскиот филантроп, Александар Сорос, играл фудбал во неговиот кабинет.

Тој објави фотографија од средбата со Сорос, која ја опиша како „пријателски разговор“ околу актуелната политичка ситуација, европската перспектива на земјата и целиот регион.

Минатата недела, најкоментирана тема низ македонските медиуми беа фотографиите од министрите од редовите на ДУИ кои беа фотографирани како играа фудбал во кабинетот на Груби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот