Фото: Instagram

ВИДЕО: И Роналдо се поклони пред Ѓоковиќ

Кристијано Роналдо, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, неодамна со високи зборови зборуваше за Новак Ѓоковиќ, нарекувајќи го симбол на истрајност, дисциплина и врвност во спортот.

Во гостување кај британскиот новинар Пирс Морган, португалската ѕвезда зборуваше за спортистите кои, според него, се пример за континуитет и професионализам. Меѓу нив ги издвои Ѓоковиќ, Леброн Џејмс и Лука Модриќ, истакнувајќи дека токму нивниот однос кон кариерата треба да биде лекција за младите генерации.

„Новак е фантастичен пример“, рече Роналдо, по што Морган потсети дека најдобриот тенисер во историјата неодамна признал дека токму Роналдо му е една од најголемите инспирации – особено во намерата да продолжи да се натпреварува и по четвртата деценија од животот.

„Ѓоковиќ вели дека сака да си докаже себеси дека може и понатаму да игра на највисоко ниво – и дека ти си доказ дека тоа е можно. Тој се инспирира од тебе“, му рече Морган на португалската легенда.

Португалецот не заборави и да се заблагодари за пофалбитее кои ги доби.

„Навистина е прекрасно кога луѓе од други спортови зборуваат убаво за тебе. Тоа многу ми значи. Новак е вистински пример за големина. Драго ми е што така мисли“, истакна португалскиот напаѓач.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот