И Работнички се тестираше на корона пред враќањето на тренинзите 

фото: fkrabotnicki.com

Тимот на Работнички денеска ги мина задолжителните тестови за ковид-19. Во организација на Синдикатот на фудбалери на Македонија и Аџибадем Систина, прволигашките клубови пред стартот на тренинзите се обврзани да извршат тестови на коронависурот.

Мобилна медицинска екипа од Аџибадем Систина денеска ги посети „романтичарите“ и ги тестираше сите играчи, стручниот штаб и клупската администрација.

Недостигаат дел од странските фудбалери и шефот на стручниот штаб Ратко Достаниќ кои треба да се приклучат наредните денови, во согласност со протоколот и олабавување на мерките за влез на странски државјани.

фото: fkrabotnicki.com

По извршените тестови на коронавирусот, фудбалерите под раководство на првиот асистент Баже Илијоски одработија и тренинг, секако почитувајќи го протоколот за задржување на дистанца и без групирање во поголеми групи.

фото: fkrabotnicki.com

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот