И покрај барањето на ВМРО-ДПМНЕ, Собранието нема да се распушти денеска

Фото: Слободен печат/Д. Митрески

Пленарна собраниска седница на која ќе се разгледува иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за распуштање на парламентот денеска нема да има, велат собраниски извори за Слободен печат. Прво да се донесе Законот за јавното обвинителство, па потоа народните избраници ќе гласаат за распуштање на Законодавниот дом, коментираат нашите извори.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, од седницата за ратификација на Протоколот за членство во НАТО му порача на спикерот Талат Џафери за денеска да закаже седница и да го стави нивното барање за распуштање на парламентот на дневен ред.

– Очекуваме, или да ја уважите иницијативата која ја испративме за распуштање на ова Собрание, или пак вашата, затоа што очекуваме утре да ја ставите точката на дневен ред, да се распушти парламентот и да се распишат предвремени парламентарни избори на кои народот ќе одлучува и ќе ја преземе судбината на оваа земја во свои раце – рече вчера Мицевски во обраќањето.

За денешниот ден, во работниот план на Собранието, има закажано само неколку комисии, меѓу кои и Комисијата за европски прашања и Законодавно правната комисија со две точки на дневниот ред Предлог – законот за јавното обвинителство по скратена постапка во второ читање и предлог законското за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители.

Пратениците денеска комисиски ќе расправаат и за предлог-законите за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавни претпријатија, и за дополнување на законите за игрите на среќа и забавните игри, за финансиската полиција и за Предлог на закнот за изменување на Законот за надворешни работи, сите во скратена постапка.

Пред неколку дена спикерот Талат Џафери најави дека Собранието ќе го распушти на 16 февруари. За распуштање на Собранието потребни се 61 глас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот