Фото: pexels-huy-phan

И на растенијата им пречи ненадејното заладување: Ова е вистинско време да ги внесете цвеќињата внатре

Ненадејната промена на температурата може да предизвика голема штета кај растенијата кои биле надвор цело лето. Која е границата под која никогаш не треба да останат на тераса или во двор?

Секоја есен, љубителите на растенија го имаат својот вообичаен ритуал на враќање на растенијата од дворот или терасите во домот. Точниот датум на оваа активност никогаш не е фиксен, туку зависи од временските услови и пред сѐ надворешната температура на воздухот.

Собните растенија често не поднесуваат ниски температури, па дури и ако не замрзнат целосно надвор и не венеат, тие можат драстично да го забават нивниот раст. Затоа се препорачува да се внесат растенијата внатре штом ноќните температури паднат под 15 или евентуално 12 Целзиусови степени. Сè што е под тоа може сериозно да го загрози здравјето на вашите „зелени миленичиња“.

Пред да ги вратите саксиите со цвеќиња во домот, проверете дали не се населиле штетници во земјата или на нивните лисја – полжави, бубачки или пајаци. Ако ги внесете во куќата, во одреден момент или ќе почнат да лазат низ куќата или ќе се шират на други растенија и на тој начин потенцијално ќе ги загрозат, пренесува порталот „GardeningNowHow“.

Во случај да забележите траги од штетници на цвеќињата кои летото го поминале надвор, најдобро би било да ги испрскате со инсектициди. Исто така, не е лоша идејата да ги пресадите растенијата во нова почва, а во таа прилика садот добро да се измие, за да не останат јајцата од инсектите на него. Само кога ќе го направите сето тоа, растението е подготвено да си оди дома.

Некои штетници успеваат да преживеат и покрај тоа што се третирани со инсектициди, менување на почвата и слично. Затоа, како мерка на претпазливост, треба да ги чувате новодонесените цвеќиња во целосна изолација најмалку 10 дена, колку што е можно подалеку од другите растенија во затворен простор.

Доколку по тој период не забележите ништо необично, можете да ги распределите на вообичаен начин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот