И кралицата Елизабет би ѝ симнала капа: Во кралскиот двор на Елизабета Кучера сите цвеќиња имаат круна!

Елизабета Кучера
Елизабета Кучера / Фото: Приватна архива

Разговараме со Елизабета Кучера, една од моторните сили на Фејсбук групата … ДВОРЧЕТО …, во виртуелниот свет позната како Бети Квин. По професија е дипломиран правник и магистер по менаџмент на човечки ресурси, вработена е, со безмалку 30 годишен стаж. Бети е сопруга и мајка и себеси се смета за среќна, целосно исполнета и реализирана личност.

И КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА БИ Ѝ СИМНАЛА КАПА НА БЕТИ КВИН: Во кралскиот двор на Елизабета Кучера сите цвеќиња имаат круна!

Цвеќиња одгледува откако памети за себе. Вели дека за тоа постојат многу анегдоти кои нејзините родители ги раскажуваат сè до денешен ден.

Елизабета Кучера
Дел од градината на Елизабета Кучера / Фото: Приватна архива

– Повеќето од анегдотите се однесуваат за тоа дека уште како мало девојченце, од каде и да се враќавме со моето семејство дома, јас носев цвеќиња. Тоа и не е толку важно, но важно е дека секогаш нив ги терав расцветаните цвеќиња да ми ги садат во саксии или во земја во двор за да ми останат расцветани засекогаш, – низ насмевка ни раскажува Елизабета, сеќавајќи се и дека многу плачела кога родителите ја убедувале дека расцетаното цвеќе нема да се „зафати“. Многу од нив, уште тогаш, така расцветани, сама ги „садела“ во дворот, во земја.

Како стана дел…

 

Целиот текст и фотографиите проследете ги ТУКА.
Извор: Еспресо.мк 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот