Хутите се приклучуваат на војната: Напаѓаме чувствителни цели
Хутите еден ден претходно се заканија дека ќе се приклучат на конфликтот предизвикан од американско-израелската офанзива против Иран на 28 февруари.
Јеменските Хути, сојузници на Иран, ја презедоа одговорноста за нивниот прв напад врз Израел од почетокот на војната на Блискиот Исток, само неколку часа откако израелската армија објави дека снимила лансирање ракета од Јемен, пренесува Франс прес.
Препорачано
Хутите еден ден претходно се заканија дека ќе се приклучат на конфликтот предизвикан од американско-израелската офанзива против Иран на 28 февруари.
Портпаролот на Хутите, Џахја Сари, во видео објавено на социјалната платформа X изјави дека движењето ја извршило својата „прва операција“ против Израел и погодило „чувствителни непријателски воени објекти“ во напад со балистички ракети.
Израелската армија претходно денес објави дека ја активирала својата противвоздушна одбрана откако „забележала лансирање ракета од Јемен кон израелска територија“. Во последниве години, тие напаѓаат бродови во Црвеното Море.
Хутите, заедно со либанскиот Хезболах, палестинскиот Хамас и проиранските вооружени групи во Ирак, се дел од неформална коалиција што Иран ја нарекува „оска на отпорот“ против Израел.
-Подготвени сме за директна воена интервенција во случај на нов сојуз меѓу САД и Израел против Иран, непријателски операции против Иран или која било муслиманска земја во областа на Црвеното Море и продолжена ескалација против Исламската Република Иран – рече Сари во видео објавено вчера.
BREAKING: Yemen’s Houthis:
We affirm that our fingers are on the trigger for direct military intervention in the following cases:
The joining of any alliances with America and Israel against the Islamic Republic of Iran and the Axis of Jihad and Resistance.
Using the Red Sea… pic.twitter.com/V3mgSFT8x4
— Clash Report (@clashreport) March 27, 2026
Хутите, кои контролираат голем дел од Јемен, извршија бројни напади врз Израел и комерцијален брод во Црвеното Море за време на војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа од 2023 до 2025 година.
Нивните напади со балистички ракети и беспилотни летала сериозно го нарушија сообраќајот во стратешкиот морски премин, кој сега го користи особено Саудиска Арабија за извоз на нафта бидејќи го избегнува Ормутскиот теснец, каде што Техеран го блокира сообраќајот.


