Хусни Исмаили му сврте грб на Гаши, Алтернатива остана со двајца пратеници
М.Т.
Пред
Пратеникот и потпретседател на Собранието, Хусни Исмаили му заврте грб на лидерот на Алтернатива Африм Гаши. Синоќа во Тетово е формирана фракција која се одвои од „Алтернатива“. Според соопштението, изминативе месеци во повеќето ограноци е одлучено да ги прекинат своите внатрепартиски активности, а синоќа едногласно одлучиле да формираат Координативен совет.
На средбата присуствувале претставници од 13 ограноци, како и претставнички од Форумот на жени и претставници од Младинскиот форум.
– За координатор на Советот е избран пратеникот Хусни Исмаили. Освен координатор, Советот едногласно го избра Муаз Емин за заменик координатор, додека за портпарол е назначен Меритон Цивули од Чаир.
фракција на Алтернатива, Фото: Координативен совет
По излегувањето на Исмаили, Алтернатива во Собранието остана со двајца пратеници и тоа претседателот Гаши и пратеничката Сафије Садики Шаини. Претходно партијата ја напушти и пратеникот Скендер Реџепи.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Се водат во евиденција, но не се активни на пазарот на труд, не бараат работа, не се вклучуваат во мерки за вработување, а можат во секој момент да го сменат статусот. Вака го објаснуваат експертите статусот на над 41.000 лица во Македонија кои се евидентирани како „други лица кои бараат работа“, категорија која покажува дека …
Лимфаденопатијата, односно зголемувањето на лимфните јазли, најчесто е последица на инфекција и во најголем број случаи не претставува сериозна состојба. Сепак, понекогаш може да биде првиот знак на хематолошко или друго малигно заболување, предупредува д-р Татјана Смилевска, специјалист по хематологија од „Аџибадем Систина“, во емисијата „Медицинско катче“. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано …