Хуманитарна акција на Рамстор мол за децата со церебрална парализа

По повод големиот празник Велигден, Рамстор мол четврта година по ред ја организира хуманитарната акција за децата со церебрална парализа „Волшебно велигденско дрво”.

Настанот има за цел да ги натера луѓето да бидат хумани, да помогнат онаму каде што помошта е повеќе од неопходна, да ги мотивира компаниите да бидат општествено одговорни и да исполнат една велигденска желба на децата кои го посетуваат Дневниот центар за лица со церебрална парализа.

– Како и секоја година така и оваа направивме волшебно дрво на кое децата од дневниот центар ги закачија своите желби. Ги повикуваме граѓаните и компаниите да бидат општествено одговорни и да се вклучат во оваа акција, заедно да ги исполниме желбите на овие дечиња и младинци и сите заедно да ја подигнеме свеста за надминување на предрасудите и стереотипите за лицата со пречки во развојот -велат организаторите на акцијата.

Хуманитарната акција започна на 12 април и ќе трае до 24 април и секој кој сака да се вклучи во акцијата, може да го посети Рамстор мол и да одбере која желба ќе сака да ја исполни на едно од 36 деца кои се редовни посетители на Дневниот центар за лица со церебрална парализа. Желбите се веќе поставени на волшебното велигденско дрво, а подарокот може да се достави на инфо пултот во трговскиот центар.

Хуманитарната акција е организирана во соработка со ЈУ Центар за социјална работа, Црвен Крст на град Скопје и Комерцијална банка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот