Хрватските европратеници се против новите промени во ЕУ за возачката дозвола

Камиони / Фото: Архива на „Слободен печат“ / илустрација

Предложената директива на Европската Унија предвидува воведување единствена дигитална возачка дозвола, задолжителни здравствени прегледи за возачите на секои 15 години и построги правила за младите возачи.

Против предлогот беа 11 хрватски европратеници, а еден воздржан. Според предложените нови правила, возачите почетници ќе мора да поминат најмалку двегодишен пробен период во кој ќе подлежат на одредени ограничувања, возачките дозволи за мотоцикли, автомобили и трактори треба да важат 15 години, а за камиони и автобуси за пет години.

Европратениците, исто така, се согласија дека од возачите треба да се побара самостојно да ги проценат своите физички и ментални способности при издавање или обновување на возачките дозволи и дека членките на ЕУ треба да одлучат дали сакаат да ја заменат оваа самопроценка со лекарски преглед, вклучувајќи минимални стандарди за проверка видот и кардиоваскуларната состојба.

Тие го поддржаа и воведувањето на дигитална возачка дозвола која ќе биде достапна на мобилен телефон и ќе биде идентична со физичка возачка дозвола, соопшти Европскиот парламент. Тие не го поддржаа предлогот на Комисијата за скратување на рокот на важност на возачките дозволи за постарите граѓани бидејќи сакаат да избегнат дискриминација и да им го гарантираат правото на слобода на движење и учество во економскиот и општествениот живот.

За да се надомести недостигот од професионални возачи, претставниците одлучија да им дозволат на 18-годишниците да добијат дозвола за управување на камион или автобус со капацитет до 16 патници, со услов да поседуваат потврда за професионална квалификација. Во текстот се предлага дури и на 17-годишници да им се дозволи да добијат дозвола за управување со автомобил или камион, придружувани од искусен возач, се додава во соопштението. Претставниците бараат возачите да бидат поподготвени за реални ситуации и свесни за ризиците, особено кога станува збор за ранливите групи во сообраќајот, како што се пешаците, децата, велосипедистите и корисниците на електрични скутери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот