Хрватската полиција призна дека употребила огнено оружје и дека ранила двајца навивачи на Хајдук

полицијата употреби огнено оружје за да ги смири навивачи/фото: Twitter/dalmatinski portal

Хрватската полиција призна дека вчера вечер користела користела огнено оружје откако дошло до физичка пресметка со навивачите на Хајдук.

Епилогот од пресметката која се сличија кај одморалиштето „Десинец“ на автопатот А1 од Загреб кон Карловац се десетина повредени лица, како и двајца навивачи кои се ранети од истрели од огнено оружје, потврди загребската полиција.


– За време на организираниот напад од трана страна на гостинските навивачи, полицијата за да го одбие нападот ги употребила сите неопходни средства и недоличното однесување го ставила под надзор. На ден 21. мај околу 21:35 во текот на организирана полициска придружба на околку 1.600 навивачи на Хајдук во автобуси, комбиња и приватни автомобили од натпреварот во Загреб, самоиницијативо застанаа на автопатот А1 кај одморалиштето „Десинец“ и на тој начин ги блокираа сите ленти во правецот кон Карловац, а потоа и покрај предупредувањата и полициските наредби, неколку стотина од нив нападнаа со физичка сила и предмети кои нанесуваат повреди. Полициските службеници поради одбивање на нападот кон себе употребија присилни средства, вклучувајќи и огнено оружје, по што колоната е повторно доведена во ред. Утврдено е дека дошло до ранување, најверојатно од огнено оружје, на две лица кои учествувале во нападот на полицајците. Сите повредени се надвор од животна опасност – соопшти загрепската полиција.

Жесток судир со навивачите на Хајдук во Хрватска: Полицијата употреби огнено оружје

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот