Хрватската држава станува сопственик на дел од Македонската берза
Комисијата за хартии од вредност на Северна Македонија (КХВ) соопшти дека ѝ дала дозвола на хрватската Финансиска агенција (ФИНА) да стекне квалификуван удел во Македонската берза АД Скопјe, индиректно преку Загрепската берза.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Предметниот удел не надминува 30 проценти од издадените акции со право на глас. ФИНА, чиј единствен основач и сопственик е Република Хрватска, веќе има согласност од хрватскиот регулатор ХАНФА да стекне квалификуван удел во Загрепската берза.
Доколку понудата за преземање на Загрепската берза е успешна, ФИНА би можела директно да стекне 50 проценти плус една акција и со тоа индиректно да поседува 14,99 проценти удел во Македонската берза. Доколку се стекне со 100 проценти удел во Загрепската берза, уделот на ФИНА во Македонската берза би се зголемил на максимум 29,98 проценти.
Потегот на КХВ доаѓа откако претседателката на Комисијата Бујаре Абази во септември учествуваше на меѓународна конференција на ХАНФА во Дубровник.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
8мин
-
13мин
-
19мин
-
22мин
-
25мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


