Хрватска ги објави најниската, просечната и највисоката нето плата за јуни
Просечната јунска нето плата во Хрватска изнесувала 1.444 евра, што е номинално пониско за 0,5 проценти, а реално за 0,7 проценти во споредба со мај, објави денес Хрватскиот завод за статистика (ДЗС).
Препорачано
На годишно ниво, просечната хрватска нето плата е номинално повисока за 9,8 проценти, а реално за 5,9 проценти во споредба со јуни 2024 година.
Највисоката просечна месечна нето плата по вработен за јуни 2025 година е исплатена во категоријата воздушен транспорт и изнесува 2.279 евра. Спротивно на тоа, најниската просечна нето плата во Хрватска во јуни е регистрирана во производството на облека и изнесува 926 евра.
Медијалната нето плата во Хрватска за јуни изнесувала 1.233 евра, што значи дека половина од вработените во Хрватска заработуваат помалку од таа сума.
Медијалната плата е износот на плата кој ја дели групата вработени на половина, односно 50% од вработените добиваат плата под тој износ, а 50% над тој износ и ја прикажува реалната „средна“ плата во општеството.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2час
-
2час
-
3час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


