Андреј Пленковиќ
Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ / Фото: EPA-EFE/Virginia Mayo / POOL

Хрватска догодина ќе се приклучи на ОЕЦД

Хрватска е во последната фаза од пристапувањето кон Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) и треба да стане нејзин член следната година, објави премиерот Андреј Пленковиќ во вторник на социјалната платформа X.

„Хрватска е во последната фаза од пристапувањето. Ги исполнивме условите во 20 од 25 комитети и во 25 од 26 поткомитети. Направивме одлично реформско патување и верувам дека успешно ќе го завршиме целиот процес во следната година“, објави Пленковиќ по средбата со шефот на ОЕЦД, Матијас Корман, во Париз.

Тој додаде дека Хрватска е благодарна за континуираната поддршка во процесот на пристапување кон ОЕЦД, што го нарече „наша преостаната стратешка цел во надворешната политика“, објави СЕЕ.биз.еу. Пленковиќ додаде дека е во сила нов закон за правни лица во сопственост на Република Хрватска, кој е донесен со цел професионализација и подобрување на ефикасноста на државните претпријатија. Тој рече дека хрватската делегација разговарала со Корман за позитивните економски трендови во Хрватска, чиј БДП расте 19 последователни квартали, и дека се очекува буџетот за следната година да го задржи буџетскиот дефицит под три проценти од БДП и да го намали учеството на јавниот долг во БДП на 56 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот