Хрватите плаќаат најголем ДДВ во Европа

Хрвстките граѓани плаќаат најголем ДДВ во Европската унија. Приходите од ДДВ во Хрватска во 2017 година изнесувале дури 13,2 отсто во БДП, што е многу повеќе во просекот на земјите од ЕУ каде изнесува седум отсто од БДП.

Покрај земјите од ЕУ со поголема стапка има Унгарија каде ДДВ изнесува 27 отсто. Но, нивните собрани порези прикажани како процент во БДП се многу помали од хрватските и изнесуваат 9,5 отсто во БДП.

ДДВ во Хрватска е воведен при крајот на деведесетите години од минатиот век и тогаш изнесуваше 22 отсто, па со тек на времето беше зголеме на 23, па на 25 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот