Хрват загина во Словенија откако се судрил со кола – возел во спротивна насока
Хрватски возач синоќа загина во тешка сообраќајна несреќа откако возел со автомобил во спротивен правец на автопатот кај Марибор и се судрил со друг автомобил, пренесува Индекс.хр.
Препорачано
Возачот, кој имал 86 години, поради силниот фронтален судир, загина на самото место на несреќата.
Словенечката полиција околу 2:30 часот добила пријава за возило кое се движи во спротивен правец по автопатот, од правец на Сподње Добренје кон Шентиљ.
Набргу по пријавата се случила несреќа во која Хрватот, кој управувал автомобил со германски регистарски таблички, загинал на самото место, додека возачот на другото возило се здобил со полесни повреди.
Слична несреќа се случила и пред два дена.
Станува збор за втора смртоносна сообраќајна несреќа во рок од три дена на подрачјето на Полициската управа Марибор, а петта оваа година, со вкупно седум загинати. Во истиот период минатата година на подрачјето на ПУ Марибор се случиле три сообраќајни несреќи со вкупно тројца загинати.
Во неделата е регистрирана слична несреќа која, исто така, завршила трагично.
Возач, на возраст од 29 години, државјанин на Босна и Херцеговина, возел по автопатот „А1“ кон Марибор во спротивен правец и се судрил со патничко возило во кое имало двајца.
На местото загинале возачот одговорен за судирот и 30-годишна сопатничка од другото возило.
Гостиварец возел во спротивна насока на автопатот Скопје-Велес, полицијата го уапси


