Храна што ја елиминира кандидата

Статистиките покажуваат дека околу 70 отсто од луѓето имаат кандида во дигестивниот систем.

Кога кандидата почнува да се размножува, тогаш може да предизвика бројни непријатни симптоми. Прекумерното ниво на кандида најчесто ги предизвикува следниве симптоми:

– лошо памтење

– хроничен замор

– болки во желудникот

– болки во зглобовите

– болки во мускулите

– запек

– надуеност и гасови

– зголемена простата

– стрес

– ладни раце и нозе

– неплодност

– непријатен мирис на телото

– акни и други кожни болести

– болни и отечени непца.

Исхраната игра важна улога во спречувањето на ширењето на кандидата. Некои намирници се особено добри, бидејќи имаат одлично антигабично дејство.

Лук
Лукот содржи алицин, кој има одлично антигабично дејство. Вклучете го свежиот лук во секојдневната исхрана за да спречите ширење на кандидата.

Зачински билки
Ориганото има моќни антимикробни и противвоспалителни својства. Освен оригано, можете да користите и црн пипер, цимет, ѓумбир, мајчина душичка, куркума, рузмарин или босилек. Сите овие се зачински билки кои можат да ви помогнат и против ширењето на кандидата и во борбата против неа.

Ладно цедени масла
Кокосовото масло (особено органското) е едно од најефикасните во борбата против габичните инфекции, бидејќи содржи три соединенија со моќно антифунгално дејство – лауринска киселина, каприлна киселина и капрична киселина. Освен кокосово масло, можете да изберете маслиново или масло од авокадо.

Билни чаеви
Билните чаеви имаат одлично антигабично дејство и се одлични во борбата против кандидата. Некои од најдобрите чаеви се чај од цимет, нане, ѓумбир или сладунец.

Нерастворливи влакна
Храната богата со нерастворливи влакна може да помогне во елиминирање на токсините од дигестивниот систем и намалување на кандидата. Некои од најдобрите извори на нерастворливи влакна се киноа, хељда, просо и овес.

Јаткасти плодови и семки
Јаткастите плодови и семките се одлични против кандида. Зголемете го внесот на бадеми, ореви, лешници, семки од лен и сончоглед.

Органско месо
Изберете свежо и органско месо како пилешко, говедско или мисирка. Избегнувајте преработени месни производи бидејќи содржат штетни хемиски соединенија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот