Храбар или луд потег: Ванда Нара децата од Париз ги однесе во жариштето на коронавирусот-Ломбардија
Сопругата на Мауро Икарди, направи неверијатен потег, таа со своите пет деца од Париз замина во вилата крај езерото Комо кое се наоѓа во Ломбардија.
Токму Ломбардија е жариштето на коронавирусот во Италија каде досега се регистрирани повеќе од 97.000 лица заболени од коронавирус, а починаа речиси 11.000 лица.
Нејзиниот потег наиде на жестока реакција од поранешниот сопруг Макси Лопез. Тие од нивниот брак имаат три деца, додека Ванда со Икарди има уште две деца.
wanda se llevo a sus hijos de vacaciones a italia y maxi lopez le tiro una historia hahdja AMO pic.twitter.com/QpFiKDda7E
— Leandro (@leaageffroy) March 30, 2020
„Би сакал да знам под кои критериуми го прекрши карантинот во време на глобалната пандемија на коронавирусот. Цел свет ти зборува да не го напушташ домот, а ти ги изложи нашите деца со патување во друга земја. Отиде во епицентарот на пандемијата во Италија без грижа за последиците? Што е проблемот со твојата глава во овие моменти? Најсветата работа за светот за родителите и здравјето на своите деца. Ако не можеш да направиш нешто за себе, направи поради нив. Денеска си мајка на пет деца, а се чини дека не си свесна за тоа“, напиша Макси Лопез.