ХОРОР ВО ХРВАТСКА: Монструми опиле и силувале девојка која завршила во болница

Фото: илустрација

Судот во Сплит одредил мерка затвор за две млади лица осомничени за силување на млада девојка од Имотско, кое се одиграло во саботата на 16 јануари, пренесува Индекс.хр.

Според овие информации, момчињата на возраст од 29 и 22 години најпрво ја опиле 20-годишната девојка, а потоа повеќе пати ја силувале. Сето ова се случувало во викендица на 22-годишното момче во Имотско, а девојката наводно цело време барала помош и пробувала да се ослободи.

Едниот од двајцата осомничени потоа ја однел девојката кај нејзина пријателка, на која таа и се доверила, а по болките во стомакот, таа била однесена во здравствениот дом во Имотско.

Откако ја прегледале, докторите за настанот ја известиле полицијата.

По апсењето тврделе дека ги „исполнувале нејзините желби“

За време на испитувањето во полицијата и двајцата осомничени го негирале делото и рекле дека тоа се случило со согласност од страна на девојката.

„Далматински портал“ пренесува дека сторителите се бранеле со тоа дека девојката сама прифатила се, односно дека тие само ги исполнувале нејзините желби.

За тие да немаат влијание на сведоците, судијата ги сместил во истражен затвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот