Холштајн: Северна Македонија кон ЕУ може да се потпре на неограничената поддршка од Германија

Северна Македонија може секогаш да се потпре на поддршката од Германија, вели амбасадорката на Германија Анке Холштајн во интервју за медиумската платформа на Цивил, во кое говори за повеќе теми, меѓу кои и перспективите на ЕУ интеграцијата. 

– Северна Македонија може да се потпре на неограничената поддршка од Германија во овој процес – изјави амбасадорката Холштајн.

Притоа, Холштајн ја истакна потребата реформскиот процес да не остане на хартија и навистина да одговара на европските стандарди.

– Реформскиот процес не е цел сама за себе, туку станува збор за тоа земјата опширно да се модернизира и да се подготви, на пример, и пазарот да може да го издржи пазарот на Европската унија. Или системот на правна држава, поглавјето што прво се отвора и последно се затвора, навистина да одговара на европските стандарди, да не е на хартија, туку да е реалност. Овој опширен процес на реформи и модернизација е за луѓето во земјата, тие имаат корист од него – вели германската амбасадорка.

Интервјуто во целост ќе биде објавено в понеделник, 3 октомври, Денот на германското единство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот