Холивудски актер пристигнал со автобус на филмски фестивал во Торонто: Никој не ме забележа
Холивудскиот актер Итан Хок, познат по улогите во филмовите „Dead Poets Society“ и “Lord of War“, морал да отпатува на филмскиот фестивал во Торонто со меѓуградски автобус, пишува „Пипл“.
Препорачано
Тој имал проблем пред неговото патување во Торонто. Три од неговите летови биле откажани, па актерот бил принуден да патува со автобус, за да стигне да присуствува на премиерата на филмот „Wildcat“, кој тој го режираше.
Неговата ќерка, Маја Хок ја игра главната улога во овој филм, а тие двајца успеаја заедно позираат на црвениот тепих на премиерата. Во интревју на самата премиера, Итан потврдил дека морал да патува со автобус.

„Три лета беа откажани, а потоа помислив: Нема да го пропуштам ова поради аеродромот. Отидов до станицата и влегов во автобусот“, рекол Итан, кој патувал со сопругата.
Тој открил дека за време на патувањето читал книга. Се пошегувал дека никој не го забележал во автобусот, сè додека не стигнале на граница.
„Седнав на крајот од автобусот и се молев да стигнеме таму. Човеку, никој не се грижи за никого во автобусот“, изјавил Итан.
Маја е ќерка на ПОЗНАТ ХОЛИВУДСКИ ПАР: Ќе ве изненади колку личи и на двајцата


