Холанѓанка наследила стари бакрописи од својот дедо, па открила дека се вредни дела на Рембрант
Додека ја чистела куќата во 2020 година, Шарлот Мејер открила дека 35 бакрописи што ѝ ги оставил нејзиниот дедо, се оригинални дела од холандскиот мајстор Рембрант ван Рајн, што го потврдиле експерти од Музејот „Рембрант“ во Амстердам.
Препорачано
Кога починал дедото на Шарлот тој ѝ оставил папка со бакрописи што била во семејството околу еден век. Со години, делата стоеле недопрени во фиока бидејќи таа мислела дека се само прекрасни отпечатоци. Но, по некое време почнала да се прашува дали се повеќе отколку што првично мислела.
Таа контактирала експерти во Музејот „Рембрант“ во Амстердам и, како што рекла, тие биле „апсолутно воодушевени“ кога ја виделе колекцијата.
Шарлот сепак сфатила дека овие бакарни плочи, некои минијатури со големина од 10 на 5 сантиметри, се повредни отколку што мислела.

– Мојот дедо ги купил во 1900 година. Тогаш вределе само неколку гулдени. Практично ништо. Нашето семејство секогаш размислуваше што да прави со нив – открила Мејерова.
Откако дознала за вредноста на графиките, Мејер ја проширува својата колекција на Рембрантови бакрописи во последните неколку години, која сега вклучува над 70 дела, заедно со уметнички дела од претходниците, современиците и следбениците на мајсторот.
Почнувајќи од 21 март, повеќе од 70 од овие дела, вклучувајќи 35 бакрописи наследени од нејзиниот дедо ќе бидат изложени во Музејот „Штеделајк“ во Цутфен како дел од новата изложба наречена „Рембрант, од темнина до светлина“. Изложбата ќе биде отворена до 14 јуни.


