Хоакин Феникс и Руни Мара проговорија за нивниот син Ривер: Иако е многу мал тие се загрижени за иднината која го чека!

Profimedia
Profimedia

Актерската двојка досега се немаше обратено до медиумите, но сепак по два месеци почувствуваа потреба да проговорат пред јавноста за нивниот нов член во семејството.

Хоакин Феникс (46) и Руни Мара (35) станаа татко и мајка пред два месеци. Парот доби син по име Ривер, кој е крстен по починатиот постар брат на славниот актер.

Instagram

За прв пат по тој радосен настан, актерите и се обратија на јавноста преку магазинот „People“, за да истакнат еден малку занемарен проблем во американскиот социјален и политички живот: Темата беше за 545 деца кои се одделени од своите родители на американско-мексиканската граница.

Парот ја нарекол „неподнослива“ самата помисла некој да ги оддели од нивното дете еден ден, а камоли со години и изрази загриженост за тоа како денешниот свет ќе му го објасни на нивниот син.

Instagram
Instagram

Треба да се запрашаме: дали е ова земјата што ја сакаме? Дали се ова наши вредности? Како ќе се чувствуваме кога ќе треба да му објасниме на нашиот син, кога тој ќе нè праша за ова време, за тоа како се однесувавме кон исплашени деца без заштита, од кои некои можеби никогаш повеќе нема да ги видат своите родители? – се запрашаа и самите Феникс и Мара преку обраќањето преку магазинот „People“.

Тие споменаа дека се надеваат дека ќе можат да му кажат на Ривер кога ќе порасне дека Америка ја отфрлила таквата суровост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот