Хју Џекман ја потврди новата врска, јавноста разочарана: „Ја изгубив почитта за него!“
Хју Џекман повеќе не ја крие својата нова љубов. Славниот актер ја потврди врската со актерката Сатон Фостер со објава на својот инстаграм-профил, само кратко време по разводот од Дебора-Ли Фарнес, со која беше во брак речиси три децении.
Препорачано
Актерот објави фотографија од настапот на Фостер во њујоршкиот „Кафе Карлајл“, како и кратко видео на кое таа му мавта од сцената.
„Сатон настапува за празниците во ‘Кафе Карлајл’… тоа е навистина една иконична њујоршка вечер! И, навистина магична“, напиша Џекман воодушевено.
View this post on Instagram
Нивната врска се развива во време кога во јавноста кружат гласини дека актерот наводно се обидува да се помири со поранешната сопруга. Нивниот развод во септември 2023 година ја шокираше јавноста, а таа претходно го опиша распадот на долгогодишниот брак како „трауматична измама“ која длабоко ја повредила. И покрај тоа, двојката наводно работи на подобрување на односите.
Под објавата на Џекман се појавија бројни коментари во кои следбениците потсетија на шпекулациите за наводната афера за време на неговиот брак. Многумина изразија разочарување, наведувајќи дека актерот ја пофалува новата партнерка на ист начин како што порано зборувал за поранешната сопруга.
„Го изгубив секое почитување кон тебе“, „Луѓе, ова е таа со која ја изневери жената“, „Срамота“, „Многу сум разочарана“, се дел од реакциите што го преплавија профилот на актерот.


