Хипотези за осмиот патник: Ова се сомнежите на бугарските истражители за спасениот од автобусот кого го нема

Борислав Сарафов и Сијка Милева
Борислав Сарафов и Сијка Милева / Фото: МИА

Портпаролот на главниот обвинител Сијка Милева рече дека при нејзиниот разговор со еден од преживеаните, рекол дека се спасени 8 лица, а не 7. Во исто време, на местото на трагедијата се пронајдени 44 тела. Затоа, истражителите ја тестираат хипотезата дали има уште еден преживеан и каде е тој.

– Разговарав со момчето кое го скрши стаклото во задниот дел од автобусот, тој ми рече дека се спасиле осум патници. Прашав, нели се седум. Рече, не, точно избројав, осум бевме спасени. Ние избројавме 44 тела на загинати патници. Загатка е каде е едно лице, рече портпаролката на бугарското Обвинителство Сијка Милева на денешната прес-конференција на бугарскиот главен обвинител и негови истражители.

Можно е некој од туристите да се качил на територијата на Бугарија во некој од другите автобуси на туристичката група и затоа патниците се еден помалку, изјави шефот на тимот истражители што го истражува случајот Маријан Маринов.

Според него, има сведоштва од бензинската пумпа каде одмарале автобусите, дека патниците биле разменети во возила.

– Преживеаните велат дека интензивен пламен избувнал на десната страна на автобусот веднаш по несреќата. Веднаш биле направени обиди да се отворат прозорците на возилото. Влезната врата излетала во моментот на ударот. Но, и покрај ова патниците не можеле да излезат бидејќи во овој дел од автобусот веќе горел силен пожар. Сите се собрале на средната врата, која, сепак, беше заглавена од заштитната ограда на левата лента.

Вчера е договорено дека тим од шест истражители од Националната истражна служба и тројца обвинители од Окружното обвинителство Перник ќе работат на предистражна постапка за тешката сообраќајна несреќа на автопатот Струма, во која загинаа државјани на Р. Северна Македонија

Формиран е тим од истражители и обвинители за истрага на трагедијата на автопатот Струма.

Со оглед на меѓународниот елемент на случајот, обвинителите од Меѓународното одделение на Врховното касационо обвинителство дадоа целосна помош и координација во врска со испраќањето на барањето за правна помош.

Директорот на судска медицина контра бугарските обвинители: Видов 44 целосни тела и делови од 45 тело

Видео на денот