ХИНА бара помош за оштетениот објект од земјотресот

– Зградата на хрватската новинска агенција ХИНА претрпе големи оштетувања по силниот земјотрес кој го погоди Загреб на 22 март, поради што Европската асоцијација на информативни агенции (ЕАНА) упати повик кон членството да им помогне на своите хрватски колеги, изјави генералниот секретар на ЕАНА, Александру Џибој.

Во соопштението се наведува дека просториите на ХИНА се нефункционални, но и покрај тоа новинарите од агенцијата продолжуваат да испраќаат информации до корисниците. Сепак, тие се соочуваат со огромни проблеми, бидејќи дел од опремата на ХИНА е уништена при земјотресот.

ХИНА има потреба од донации на техничка опрема, конкретно насочни микрофони за фотоапарати, фотографска опрема на „Канон”, лаптопи за обработка на текстови и лаптопи за обработка на видео материјали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот