Хиларија Болдвин го покажа трудничкиот стомак: На половина пат сум (ФОТО)

инстаграм

Сопругата на холивудскиот актер Алек Болдвин неодамна на Инстаграм се пофали со видео во кое се слуша отчукувањето на срцето на бебето, со што соопшти дека по два спонтани абортуси таа повторно е бремена.

На ценетата инструкторка по јога, Хиларија Болдвин, која наскоро ќе го добие петтото дете, бременоста одлично и годи. Освен што се чувствува сјајно, 36-годишната Хиларија и изгледа одлично. Го забележаа тоа и нејзините бројни обожаватели на социјалните мрежи, каде сега за прв пат го покажа својот труднички стомак.

Згодната бринета на фотографијата позира во својата бања во црна чипкаста долна облека, а до израз доаѓа нејзиниот труднички стомак. На овој начин таа откри и дека во моментот е на половина од својата бременост, и дека до породувањето и преостануваат нешто повеќе од 4 месеци, доколку се оди според планот.

Многу следбеници ја забележаа и нејзината сјајна фигура и мускулите по целото тело, за кое таа вели дека не „заминуваат“ така лесно. Тајната е можеби и во тренингот, од кој оваа згодна Американка не се откажува ниту во бременоста.

Хиларија претходно имаше два спонтани абортуси кои силно го погодија семејството Болдвин.

View this post on Instagram

?? @marcovacchi

A post shared by Hilaria Thomas Baldwin (@hilariabaldwin) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот