Херта Берлин на врвот, кои екипи најмногу потрошија во зимскиот преоден рок?

фото: твитер

Заврши уште еден преоден рок во јануари, а како и секогаш најинтересно да се види кои беа најактивни, а листата нуди неколку изненадувања.

Претходно објавивме кои се најголемите трансфери оваа зима, а сега ќе ги одвоиме клубовите кои најмногу беа активни на фудбалскиот пазар.

На врвот се наоѓа Херта Берлин, бундеслигашот на нови трансфери потроши дури 78 милиони евра и во вториот дел од сезоната влегува со намера мирно да опстане, а освен тоа да се најде и во горниот дел од табелата.

Оваа германска екипа успеа за 27 милиони евра да го ангажира Пјонтек од Милан, потоа за 25 милиони дојде Тусарт од Лион, за 15 милиони беше ангажиран Куња од Лајпциг, а последното засилување беше Аскасибар од Штутгарт, според податоците од „Трансфермаркт“.

фото: трансфермаркт

На второто место се наоѓа Наполи на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас. Договорен е Петања од СПАЛ за 17 милиони евра и поранешниот член на Динамо Загре, Рахмани од Верона за 14 милиони, но тие ќе му се приклучат на клубот наредното лето.

Дојде Лоботка за 20 милиони евра од Селта, како и Деме од Лајпциг. На позајмица за 2,5 милиони евра е Политано, севкупно калчолигашот потроши 65,5 милиони евра.

Монако воглавно се засили со неколку талентирани играчи, меѓу нив Тчуамени за 18 милиони евра од Бордо.

Игало пристигна на „Олд Трафорд“, но неговата цена не ја знааеме. Познато е само дека Манчестер јунајтед сите 55 милиони евра ги потроши на еден играч, Бруно Фернандеш од Спортинг Лисабон.

Изненадување во Топ 5 е Еспањол кој моментно е последнопласиран во шпанската „Ла Лига“. Потрошени се 40,5 милиони евра со намера да остане во друштвото на најдобрите екипи. Меѓу трансферите се Раул де Томас за 20 милиони евра, Адри Ембарба од Рајо Ваљекано за 10 милиони…

– КЛУБОВИ КОИ НАЈМНОГУ ПОТРОШИЈА ОВАА ЗИМА –
(податоци од „Трансфермаркт“)

1. Херта Берлин 78 милиони евра
2. Наполи 65.5 милиони евра
3. Монако 60 милиони евра
4. Манчестер јунајтед 55 милиони евра
5. Еспањол 40.5 милиони евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот