Кои се најголемите фудбалски трансфери во зимскиот преоден рок?

фото: твитер

Завршен е официјално зимскиот преоден рок во Топ 5 европските лиги (Шпанија, Франција, Англија, Германија, Италија), но не донесе некои големи изненадувања.

Рекордер на овој преоден рок во јануари е 25-годишниот Португалец, Бруно Фернандеш, овој играч за врска во нападот во Манчестер јунајтед дојде од Спортинг Лисабон за 55 милиони евра, што е убедливо најголемото обесштетување од еден клуб исплатено за еден играч овој месец.

Швеѓанецот со македонско потекло, Дејан Кулушевски (19) од Аталанта за 35 милиони евра се промовираше како член на Јувентус.

Потоа, Реал Мадрид ја продолжи традицијата да купува во Бразил, „кралевите“ одвоија 30 милиони евра за 18-годишниот играч за врска во нападот, Рејниер (18) кој со Фламенго го освои „Копа Либертадорес“.

Вреди да се истакнат трансферите на Пако Алкасер во Виљареал, Ерлинг Халанд во Борусија Дортмунд, Кристијан Ериксен во Интер…

– НАЈГОЛЕМИТЕ ТРАНСФЕРИ ВО ЗИМСКИОТ ПРЕОДЕН РОК –

Бруно Фернандеш (Спортинг Лисабон – Манчестер Јунајтед) 55.000.000 милиони евра
Дејан Кулушевски (Аталанта – Јувентус) 35.000.000
Фламенго – Реал Мадрид 30.000.000
Стивен Бергвајн (ПСВ Ајндховен – Тотенхем) 27.000.000

Кшиштоф Пјонтек (Милано – Херта Берлин) 27.000.000
Лукас Тусар (Лион – Херта Берлин) 25.000.000
Пако Алкасер (Дортмунд – Виљареал) 23.000.000
Сандер Берж (Генк – Шефилд јунајтед) 21.500.000

Ерлинг Халанд (Салцбург – Борусија Дортмунд) 20.000.000
Јулијан Вајгл (Борусија Дортмунд – Бенфика) 20.000.000
Раул де Томас (Бенфика – Еспањол) 20.000.000
Станислав Лоботка (Селта – Наполи) 20.000.000

Јусуф Ен Несири (Легањес – Севиља) 20.000.000
Дани Олмо (Динамо Загреб – Лајпциг) 20.000.000
Кристијан Ериксен (Тотенхем – Интер) 20.000.000

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот