ХЕРОЈ НА ГОДИНА: Минатата година му открија рак, а во четврток ќе игра за Јунајтед

Манчестер јунајтед во четврток и гостува на Астана во рамките на петтото коло во Лигата на Европа, а на менаџерот Оле Гунар Солскјер направи потег со кој ја воодушеви англиската јавност. Тој во тимот го зеде и младиот 19-годишен Макс Тејлор.

Причината поради која во Англија сите се воодушевени од потегот на Солскјер е проади тоа што на Тејлор пред една година му беше дијагностициран рак на тестисите поради што неколку месеци одеше на хемотерапија.


На крајот, младиот фудбалер успеа да ја победи тешката голест, во септември му се врати на фудбалот и во четврток може дури и да заигра за првиот тим на Манчестер јунајтед на официјален натпревар.

Солскјер на дуелот против Астана одлучи да настапи со подмладен состав бидејќи тимот веќе си обезбеди пласман во елиминациската фаза и Норвежанецот не сака да ризикува повреда на некоја од неговите ѕвезди и поради тоа во тимот повика неколку млади фудбалери меѓу кои е и Макс Тејлор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот