7 C
Скопје

ХЕ „Шпилје” лани произведе 205 милиони киловат часови на електрична енергија

Во Хидроелектраната „Шпилје” кај Дебар, која е дел од хидроенергетскиот систем (ХЕС) „Црн Дрим”, минатата година се прозведени над 204,9 милиони киловат часови електирична енергија.

– Произведените киловат часови претставуваат остварување на планот за 70,2 отсто за 2020 година, кој изнесуваше 291,9 милони киловат часови. Тоа, пак, е 18 отсто поголемо остварено производство споредено со претходната 2019 година, кога беа произведени 172,8 милиони киловат часови, потврдија за МИА надлежните од ЕСМ.

Обилните врнежи од дожд присутни на дебарското сливно подрачје, условија зголемен дотек на вода од реките Радика и Црн Дрим, како и помалите реки и притоки од подрачјето на Жупа, што го зголемува и нивото на акумулацијата, што е услов за поголемо производство, кое сепак зависи и од потребите на електроенергетски систем.

Прочитајте и...  Отворете очи зад воланот: Сообраќајот по наместа влажни коловози, можна е појава на голомразица

Моментно во акумулацијата има резерва на вода за произвство на 16 милиони киловат часови електрична енергија.

ХЕ „Шпилје” која првите киловат часови ги произведе на 4 ноември далечната 1969 година, во изминатиот период потврди дека претставува значаен извор на електрична енергија во македонскиот електроенергетски систем, со испорачаните 13.981 гигават часови електрична енергија.

Средното годишно производство е 275 милиони киловат часови, а максимално годишно производство е забележано во 2010 година, кога беа прозведени 519 киловат часови.

Поврзани вести

Граѓаните ќе добијат 6,1 милион евра: Во февруари исплата за скенираните фискални сметки во четвртиот квартал од 2020

Слободен печат

ВИДЕО+ФОТО I Поради неносење маски туристите во Бали се казнуваат со склекови

Слободен печат

Заев: Имаме раст на платите во ноември, Владата е посветена на покачување на платите до 34.000 денари во следните четири години

Слободен печат

„Иницијатива против урбаното дивеење”: Општина Ѓорче Петров не престанува со нетранспарентно носење на урбанистички планови

Слободен печат

Филипче: Првите вакцини од „Фајзер” и од Србија ќе стигнат со интервентен увоз, планот за вакцинација е подготвен

Слободен печат

ЈП „Водовод и канализација“: Продолжува масовната кражба на капаци на шахти и решетки од сливниците

Слободен печат

Остави Коментар