Хасани од „огнените“ за Груби: Ако 2.000 луѓе ти бараат оставка, треба да се повлечеш

Фото: Алсат/принтскрин

Заменик министерот за одбрана во заминување Башким Хасани побара од вицепремиерот Артан Груби, требало веднаш да поднесе оставка по собирот на „Огнената група“ во Чаир вечерва.

Во емисијата „200“ на телевизија Алсат, Хасани кажа дека повеќе од 2.000 граѓани само од огранокот во Чаир, побарале Груби да си замине.

-Да бев како Артан, и да се одржи митинг во мојот огранок како оној во Чаир, немаше да чекам претседателот да ми каже да останам дома или да одам на работа, туку ќе се јавев кај претседателот и ќе му кажев, во твој интерес и во интерес на партијата останувам дома. Ако на огранокот на Чаир му треба помош или поддршка нека ми се јават, од денеска не сум прв вицепремиер. Ако над 2.000 граѓани од вашиот огранок се соберат и ти бараат оставка, треба да заминеш, рече Хасани.

Две илјади луѓе од собир на „огнените“ во Сарај му порачаа на Артан Груби да си оди од ДУИ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот