„Харемите“ на морските слонови предизвикуваат рана смрт кај мажјаците

Морски слонови / Фото EPA/ARMANDO ARORIZO

Екстремната полигамија може да доведе до рана смрт на илјадници машки морски слонови, сугерира новото истражување, објави „Гардијан“.

Студијата истражувала 14.000 морски слонови на островот Меквари во југозападниот Пацифик и покажа дека иако стапките на преживување за мажи и жени се приближно споредливи во раните години, преживувањето кај мажите брзо се намалува по осумгодишната возраст, паѓајќи на стапка на преживување од 50%, додека женското преживување останува константно на 80%.

Морски слон / Фото EPA/ARMANDO ARORIZO

Овој вид на фоки значително се разликуваат по големина: возрасните мажјаци можат да тежат и до речиси пет пати повеќе од возрасните женки. Разликите во големината обично почнуваат да се појавуваат помеѓу три и шест години, кога животните се подложени на созревање.

Софија Волцке, првиот автор на студијата и кандидат за докторат на Универзитетот во Тасманија, рече дека најголемите и најдебелите машки фоки имаат репродуктивна предност.

„Тие можат да добијат храна само од океанот“, рече таа. „Кога доаѓаат на копно [да се размножуваат] тие се натпреваруваат со други мажјаци за пристап до женките. Тие треба да имаат складирани масни ресурси за да можат да се борат со другите мажјаци и да преживеат на копно без да јадат ништо со недели или месеци“, вели таа во студијата.

Видот покажува „екстремна полигамија“, во која мал дел од најголемите и најдоминантните мажјаци – познати како „мајстори на плажите“ – ги контролираат „харемите“ на женките кои се размножуваат.

„Еден огромен мајстор на плажа може да има харем од 100 женки“, вели Волцке. „Штом харемите ќе станат толку големи, може да доведе до рана смрт на мажјакот. Сѐ зависи од тоа колку е голем харемот и од географијата на плажата – ако имате навистина долга плажа, поголема е веројатноста да има куп мали хареми“, додаде таа.

Само околу 4% од мажите стануваат „мајстори на плажите“.

Истражувачите веруваат дека конкурентските притисоци врз зрелите мажјаци ги поттикнуваат да се здебелат што е можно побрзо, што резултира со пониски стапки на преживување затоа што мажјаците бараат храна во водите во области кои може да ги изложат на поголем ризик.

„Возрасните мажјаци го концентрираат својот напор за потрага по храна во поплитки води. Овие високопродуктивни локации ги посетуваат други морски предатори, како што се орките и ајкулите“, се вели во студијата.

Иако машките морски слонови стануваат биолошки способни за репродукција на околу шестгодишна возраст, тие ретко се доволно социјално конкурентни за да се размножуваат со женки од девет до 12 години, рече Волцке.

Морските слонови поминуваат голем дел од годината на плажите. Мажјаците доаѓаат на брегот секој август на островот Меквари за да се обидат да воспостават доминација над женките, рече Волцке. „Женките пристигнуваат во септември и самите се собираат во групи, мажјаците доаѓаат и се обидуваат да ги одбранат тие групи.

„Можеме да видиме еден мажјак кој не е успешен мајстор на плажа, да излезе на брегот во август и да се обиде да предизвика мајстор на плажа. Ако ја изгуби борбата, тој само ќе се врати во морето“, рече Волцке.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот