Харден потрошил толку пари што стриптиз клуб му го повлекол неговиот дрес

фото: твитер

Во НБА нема дилема, Џејмс Харден е еден од најдобрите кошаркари на денешницата и кога ќе ја заврши кариерата Хјустон во негова чест ќе го повлече дресот, но веќе постои едно место каде популарната брада е „бесмртен“.

Во подкастот на Џо Буден е откриено дека дресот на Харден веќе е „пензиониран во стриптиз клуб во Хјустон“ и тоа бидејќи за само една вечер потрошил неверојатни милион долари. Поради тоа сопствениците на стриптиз клубот покажаа дека го ценат неговиот потег и одлучија да му „оддолжат“.

„Дресот на Харден виси на плафонот на стриптиз клуб. Го направија тоа бидејќи трошеше како луд за една вечер и поради тоа го „повлекоа“ неговиот дрес“, беше откриено во подкастот, а Џејмс Харден не сакаше да одговори на овие тврдења.

Очигледно е дека „брадата“ ужива во танците за девојките и е чест гостин во стриптиз клубовите, а сумата од милион долари за една ноќ е „ситница“ за Харден бидејќи тој сезонава само од Хјустон инкасира дури 38 милиони долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот