Хаос во Британија: Удвоен бројот на смртни случаи во болниците за ментално здравје

Комисијата за квалитет на нега издаде предупредување до болниците за ментално здравје дека мора да преземат мерки за заштите на ранливите пациенти.

Националната здравствена служба на Англија одбива да ги објави информациите за смртност кај хендикепираните и аутистичните пациенти, пишуваат британските медиуми.

Бројот на починати во болниците за ментално здравје во Англија е удвоен од почетокот на ширењето на корона вирусот, соопштува Комисијата за квалитет на нега.

Комисијата открива дека смртноста во болниците за ментално здравје се дуплирала во однос на минатата година откако 54 починати се поврзуваат со корона вирусот во изминатите три месеци.

Во исто време , Националната здравствена служба во земјата одбива да ги објави информациите поврзани со бројот на смртни случаи регистрирани кај хендикепирани лица како и кај аутистичните пациенти, пренесува британски „Гардијан“.

Комисијата за квалитет на нега издаде предупредување до болниците за ментално здравје дека мора да преземат мерки за заштите на ранливите пациенти.

Вкупно за 54 случаи е потврден сомнежот дека починале од Ковид – 19.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот